ТЕРА

REKLAMA???

АРГЕНТИНА ГО ДОБИ ПЕНАЛ-РУЛЕТОТ И ТРЕТПАТ СТАНА СВЕТСКИ ПРВАК ВО ФУДБАЛ

Репрезентацијата на Аргентина е новиот Светски шампион.

Финале на финалињата. Само вака може да се опише она што се случуваше во Доха, за последниот натпревар на Мундијалот во кој Аргентин а по подоброто изведување на пенали го победи бранителот на шампионскиот трофеј Франција со вкупни 7-5 откако по 120-минути игра резултатот беше 3-3.

Така Аргентина по пауза од 36 години, стигна до третиот трофеј Светски шампион, а Лионел Меси кој првенството го заврши со 7 голови еден помалку од Мбапе, на најдобар можен начин ја крунисува својата кариера и со право го понесува приматот „Бог на фудбалската игра“.