ТЕРА

REKLAMA???

БАБУНСКИ ГО ОДРЖА ПРВИОТ ТРЕНИНГ, ПОВТОРНО ФУДБАЛСКА ЕУФОРИЈА ВО ПРИЛЕП

Новиот прволигаш Победа попладнево го имаше првиот собир на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Новиот шеф на стручниот штаб Бобан Бабунски одржа средба со управата, помошниците-тренери и фудбалерите. Додека траеше состанокот во клупските простории, група на најзагреани навивачи дојдоа на стадионот да ја дадат поддршката и да потврдат дека Прилеп и денес живее за Победа.

Во една позитивна атмосфера беше најавено дека подготовките ќе бидат напорни, со по два-три тренинга дневно. Покрај претпладневен и попладневен, можен е и ноќен тренинг под рефлектори. Во планот се и повеќе пријателски мечеви, со силни ривали: Брегалница (5 јули), Работнички (13 јули) Струга (23 јули), како и на традиционалниот турнир ,,Вуко Каров“ во Кавадарци на крајот на јули.

Во врска со играчкиот кадар, приоритет е задржувањето на досегашните првотимци (замина само Дарко Анѓелески во Силекс), приклучувањето на најдобрите од младинската шампионска екипа, а таму каде е потребно да се доведат засилувања.