ТЕРА

REKLAMA???

БАБУНСКИ ДЕБИТИРАШЕ СО ПОБЕДА ВО СТРУГА, ПЕЛИСТЕР ПОДОБАР ОД КАРАОРМАН

Второлигашот Пелистер од денес се подготвува крај Охридското езеро. Првиот ден беше искористен за пријателски натпревар со еден од трите тима кои ги совладаа битолчани во есенскиот дел на ВМФЛ.

Пелистер среде Струга со 0-1 (0-1) го надигра Караорман. Стрелец на единствениот гол за Пелистер беше дефанзивецот Томе Китановски. Од утре екипата на Бабунски своја база ќе има во Охрид, каде секојдневно ќе тренира, а ќе одигра и неколку контролни натпревари.

Пелистер презими на четвртото место, но не ги крие високите амбиции оваа пролет.