ТЕРА

REKLAMA???

„БАКНИ МЕ ЗА КРАЈ“ НОВ ВИДЕО ЗАПИС НА СИМОНА ПОПОВСКА

„Бакни ме за крај“,  композицијата што Симона Поповска ја отпеа на Макфест доби и свој видео запис. Станува збор за песна која е комплетно авторско дело на Горјан Стојановски. Видеозаписот го направи  Крсте Шупев. За нејзиниот изглед во видеото, но и на Макфест беше задолжен стариот и проверен соработник Бобан Тодоровски (шминка и фризура), додека уникатната креација со која се појави на сцената во Штип и која всушност ја претстави како феникс ја изработи Златко Јовановски – ЈЗЈ.

Статистички секоја четврта жена во светот е жртва на родово базирано психолошко насилство од страна на партнерот, а токму преку фениксот кој беше инспирација и за креацијата што Симона ја носеше на Макфест, сакаше да ја испрати пораката што се појавува и на крајот од видеото – дека секој има свој пат и право да го изоди. Секој треба и може да го разбуди фениксот во себе, кој всушност ја симболизира трансформацијата и обновувањето.