ТЕРА

REKLAMA???

БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНУВААТ, ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,55%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит, Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,756 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 34,865 ден/кг.

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар)
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 34,865 (денари/килограм)