ТЕРА

REKLAMA???

БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ НА ПРВИОТ ТЕСТ ПРОТИВ ГРЦИЈА, ВТОРИОТ ЗАТВОРЕН ЗА ЈАВНОСТА

Македонската ракометна репрезентација, која во моментов се наоѓа на подготовки во Стара Пазова, последните две контроли пред настапот на претстојното ЕП 2024 во Германија ќе ги одигра против Грција и тоа на почетокот од следниот месец во Скопје.

Предводниците на македонскиот ракомет денеска објавија дека влезот ќе биде бесплатен за првата средба против јужниот сосед, закажана за 4 јануари (17 часот), додека вториот меѓусебен дуел следниот ден ќе биде одигран зад затворени врати. Целта за овој потег на РФМ е трибините во салата „Борис Трајковски“ да бидат исполнети до последно место и избраниците на селекторот Кирил Лазаров со позитивна атмосфера да бидат испратени кон Германија.

Македонија на следниот континентален собир е во група со Франција, против која ќе играме на 10 јануари на фудбалски стадион во Диселдорф, како и со Германија и Швајцарија на 14 односно 16 јануари во Берлин.