Битолските каратисти од К. К. „Заншин до “-Биотола се вратија од Балканските турнири ОХРИД ОПЕН 2026 И СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2026 со 2 злата, 4 сребра и 11 бронзи. ОХРИД ОПЕН 2026 се одржа на 3 мај 2026 год. во Охрид на кој настапи клубот со тријца натпреварувачи во 7 категории и се врати со 2 сребра и 3 бронзи. Николај Петковски се закити со сребрен медал во категорија -45 кг. кумите 2016 со издејствувани 3 победи , додека со бронзен медал се закити во категорија ката 2016 год. и борби 2014 год -46 кг. Јована Јовановиќ се закити со сребрен медал во ката женски 2016 год , додека Тамара Стојановска се закити со бронза во категорија ката 2017 год.
Од СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2026 кој се одржа во Скопје на 17 мај 2026 год. со златен медал се вратија Тамара Стојановска 2018 год ката и Дамјан Митановски 2020 год. ката, со сребрен медал се закити Алексеј Петковски во кати 2018 год, со бронзен медал се закитија : Елена Јончевска, Михаил Марковски и Каја Темелковска во ката тим кадети/јуниори, Тамара Стојановска, Алексеј Петковски и Лана Бејковска во ката тим 2017/1018 год, Николај Петковски во 2014 год -46 кг. кумите, Лана Бејковска ката 2017 год. женски, Стофија Стојковска ката 2015 год. женски, Михаил Костурски се закити со две бронзи и тоа во ката 2014 и 2013 и Илина Шобевска во ката 2013 год.
Успешно реализирани турнири, сега следи голем историски настап за нас како клуб и Битола како град. Во периодот од 27.05. 2026 год. до 01. 06.2026 год. Бојана Бошкова во кати и Николај Петковски во кати и борби како дел од македонската карате репрезентација ќе не претставуваат во Истанбул , Турција. Битола на ова Балканско првенство оди со двајца натпреварувачи и селектор во кати Стевка Јанковска Петковска.













