Националната Боксерска Федерација ги прогласи најдобрите боксери на земјата за 2023 година во две категории. Едниот трофеј заврши во рацете на Бајрам Мамутовски, шампионот на Балканот во категоријата на младите, додека другиот трофеј му припадна на битолчанецот Ален Рустемовски, кој се рангираше како петти на Европското првенство во категоријата на сениорите.
Националната Боксерска Федерација честита за постигнатите успеси и придонесот на боксерите, боксерските клубови, тренерите и техничкиот персонал, посакувајќи им успешна година.












