Поранешниот репрезентативец на Македонија, Стефан Дрогришки го засили амбициозниот Охрид предводен од Горан Андоновски.
Дрогришки доаѓа во Охрид од Тиквеш Кавадараци, каде што соработуваше со Андоновски и одлично ги познава неговите квалитети.
Оваа полусезона Дрогришки во Кавадарци немаше голема минутажа, па реши да ја промени средината и потпиша со Охрид до крајот на сезоната 2023/24. Дрогришки потекнува од Пелистер, а играше и за Металург и Еурофарм Работник.












