ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНИТЕ ВЕЛ НАСТАПИЈА НА 11.ЗЕМЈОТРЕС ФЕСТИВАЛ

Во Младинскиот културен центар во Скопје  се одржа 11-тото издание на музичкиот фестивал Земјотрес. На фестивалот настапија битолчаните Вел.

„Така е со ВЕЛОТ, врзан од други догми. Ќе биде малку надесно, место да е малку лев, преправ за да не биде крив. И нема да пропушти ни суд, ни страв, ни страст, само те прекрива со црни мисли и со црвена јад“, истакнаа организаторите за битолската група.

Фестивалот се одржа со настапи на над 20 бендови и диџеи, распространети на три стејџови низ култниот Центар, кој беше исполнет со главно млади луѓе за да ја следат програмата до утринските часови. Во рамките на годинешната програма настапија: „Преку ред“, „Дивоградба“, „Фулиш Грин“, „Занаду“, „КЕМ“, „Ред18“, „Педро Хоризонте“, Миа Перевска, Димиш и други. Голем дел од нив се составен дел од растечкиот „Гола планина“, колектив на нова генерација музички откровенија што донесоа свежина на алтернативната сцена.

Изминативе 10 години низ фестивалот минаа речиси сите релевантни домашни автори, кои ја создаваат музиката на ова време. Земјотрес растеше, се дефинираше и јасно манифестираше поента: љубов кон музиката, одговорност кон културата, грижа за младите генерации.

ВЕЛ е музичка група од Битола, која вешто се поигрува со најразлични, современи музички правци. Бенд во постојано создавање, со луѓе кои музички се разбираат и надополнуваат, една звучна кулиса на новото време. Групата е формирана во 2019 год. Црнило е нивниот деби–албум. Во Вел членуваат:Томе Спасовски – бас гитара и глас, Златко Никодиновски – гитара и глас, Сашо Ристевски – тапани, Денис Алитовски – клавијатури и глас. Во текот на снимањето на албумот Црнило, кон групата се приклучи и гитаристот Александар Гулевски.