ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНКА СВЕДОК НА ГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА ВО ВАЛЕНСИЈА

Валенсија се соочува со една од најголемите катастрофи во поновата историја, откако силни поплави оставија трајни последици врз регионот. Повеќе од 200 животи се загубени, додека повеќе од 1,300 лица сè уште се водат како исчезнати. Природната катастрофа предизвика и разорни последици врз заедниците, а многу од локалното население сè уште не може да се врати во своите домови, кои се затрупани во кал и остатоци.

Од самиот почеток, граѓаните на Валенсија покажаа единственост и посветеност, веднаш сплотувајќи се за да помогнат во заздравувањето на погодените. За жал, реакцијата на локалните власти и институции се покажа како задоцнета, што дополнително го разочара и разлути населението. Во моментите кога најмногу беше потребна помош, таа стигна по пет дена. Недостигот на соодветно предупредување и доцнењето во реакциите оставија длабоки трауми и револт, кој беше изразен и преку демонстрации против кралското семејство и владините претставници, кои беа пречекани со гнев и незадоволство.

Во овој емотивен и потресен прилог, ќе ја слушнеме битолчанката Емилија Марковачевска, која живее во Валенсија и од прва рака ќе ни раскаже за искуствата и борбата на локалното население да ја надмине оваа ситуација.

Во првите моменти од катастрофата, Валенсија изгледала како сцена од кошмар. Жителите касно разбраа дека пред нив е вистинска трагедија.

,,Моментално ситуацијата во Валенсија е фатална, далеку полоша од тоа што медиумите пренесуваат. Улиците се  уште непроодни и преполни со кал и блато. Ова е нешто што на Шпанија и на Валенсија ќе им треба долг период за да се справат. Мртви има 219 и се трага по уште над 1300 луѓе. Повредените се згрижени во државни болници.” – вели Емилија Марковачева.

Валенсијанците и волонтерите веднаш се сплотија и започнаа со напорна работа за помош на најзагрозените, покажувајќи единство и решителност во најтешките моменти.

,,Валенсијанците и невладините организации веднаш се сплотија по оваа поплава. Тие се сплотени како никогаш досега. Интернационалците, како јас и моите пријатели кои живееме тука, секојдневно се организираме за да им помогнеме на афектираните подрачја.“ – тврди Марковачева.

Задоцнетата реакција на властите остави горчлив вкус кај населението. Граѓаните, разочарани и изреволтирани, ги пречекаа државните претставници со гнев и лутина.

,,Локалците се изреволтирани од властите. После ноќта на 29.10, вторник, локалците немаа никаква помош се до 5.11, недела. Луѓето живеат се уште во кал и се уште има непристапни зони каде што живеат луѓе. “ – утврди Емилија Марковачева.

Секојдневно низ Валенсија се слушаат потресни приказни за загубените животи и распаднатите семејства, кои ја пренесуваат длабочината на оваа трагедија.

,,Еве јас како волонтер можам да одвојам неколку настани. Родители кои пред поплавата биле на прошетка со своите деца, биле повредени од ѕид кој што се срушил врз нив, а децата им се отпуштиле од рацете и исчезнале. За жал, се уште се трага по нив, а родителите се згрижени во болница. “ – посочува Марковачева.

Во овие тешки моменти, жителите на Валенсија имаат потреба од помош од целиот свет. Донациите преку платформите како GO FUND ME и Црвениот крст на Шпанија можат да направат разлика.

,,На платформата ,,GO FUND ME” може да прочитате кратка приказна за фамилиите и се што им се случило и можете да донирате со цел да им помогнете на загрозените. Доколку сметате дека платформата е несигурна, и ако се работи за доста сигурна платформа, како алтернатива можете да доннирате на Црвен Крст, Шпанија. “ – апелира Емилија Марковачева.

Поплавата во Валенсија остави длабоки траги, но и покажа колкава сила и посветеност поседува локалното население кога се соочува со несреќи. Преку солидарност и пожртвуваност, тие работат заедно за да ги надминат последиците. Понудата за меѓународна поддршка преку хуманитарни организации е сè уште отворена и секоја помош е добредојдена во овие критични моменти за Валенсија и нејзините жители.