ТЕРА

REKLAMA???

БОЖИЌНАТА ЕЛКА ОД ЦЕНТАРОТ РОКФЕЛЕР – НОВОГОДИШНА ТРАДИЦИЈА

Новогодишната еуфорија ги живе своите први моменти кај нас. Затоа пак американската е во полн ек – ем Божик го слават на 25 декември, ем со „Ноќта на вештерките“ започнаа да планираат.  И, цел месец ја влечкаат по државата елката што семејството Рокфелер ја одбра годинава за да биде новогодишно украсена и поставена пред нивниот Рокфелер центар.

Една од главните туристички атракции за време на новогодишните празници во Њујорк секако е Божиќното дрво, новогодишната елка од центарот Рокфелер. Вообичаено е највисоката, најосветлената и најсликана. Често на неа има преку 50 илјади ламбички, а ѕвездата на врвот, во последно време е кристална од Сваровски.

Потрагата по дрвото е препуштена на главниот градинар на семејството Рокфелер, а насоките за избор се пренесуваат од градинар на градинар и божикната елка мора да биде норвешка смрека. Годинава избрано било дрво старо цели 57 години. Сопствениците кои се преселиле во 1967 година во Америка го посадиле во својот двор. Горди на изборот, во различни американски телевизиски емисии кажуваат дека додека можеле го украсувале таму во својот двор, неколкупати помислиле да го сечат затоа што било премногу високо, но, еве, не го направиле тоа и  судбината ги довела до моментот на слава.

Историјата на Центарот Рокфелер зборува дека првото божиќно дрво на ова место го поставиле работниците кои го граделе центарот чекајќи ја платата, во далеќната 1931 година – во времето на депресијата. Местото го нарекле празничен светилник.“ Од 1936 година пред центарот се направило и лизгалиштето, а традицијата на украсување новогодишна елка продолжила.

Центарот Рокфелер е  повеќенаменски комплекс распослан на 22 хектари  составен од 19 згради. Првично бил наменет за Операта Метрополитен, но економската криза од 30те години на минатиот век довела да пренамена на првата зграда. До денес Центарот е средиште на забава, култура, уметност, симбол на американскиот сон, но и показ на една од девизите на некој од Рокфелелрови – „единството на мускулите и мозокот“. Содржи ресторани, барови, сали за организирање на различни настани, атрактивноста ја зголемуваат палубите за набљудување кои нудат панорамски поглед на градот. Освен лизгалиштето и статуата на Прометеј (без гаќи) на основата од 70катниот комплекс има продавници, галерии, фонтани, шеталиште . Со години е седиште на телевизиската куќа NBC, која од изборот, патувањето, редењеро и оветлувањето на новогодишното дрво прави вистински медиумски спектакл.

Свеченото палење на сијаличките најчесто е пропратено со концерти на високопрофилни музичари :   Џон Леџенд, Дијана Рос, Гвен Стефани, Гарт Брукс и Триша Ирвуд, Мартина Мекбрајд, Кели Кларксон, Пентатоникс, Доли Партон и традиционално вклучува настап на групата The Rockettes.