ТЕРА

REKLAMA???

БОЈКОСКИ ДО СДСМ: ЧЕТИРИ ГОДИНИ НИШТО НЕ НАПРАВИВТЕ ЗА ГРАДОТ

Негрижа за граѓаните и функционирање спротивно од барањата и потребите на народот. Ова е главна карактеристика на владеењето на СДС на централно ниво денес, а за што локално беа казнети од граѓаните, само после 4 години неуспешно водење на локалната самоуправа, вели Бојан Бојкоски, советник од ВМРО ДПМНЕ, како реакција на вчерашната прес конференција на СДСМ.

„Почитувани гласноговорници на битолската СДС, Прво, променете ја реториката, а потоа побарајте ги граѓаните. Постојано зборувате за проекти и општински пари, зачувани од вашите неодамнешни функционери, потенцирајќи ја градоначалничката Наташа Петровска, како најзаслужна за тоа.

Почитувани, проблемите и парите се на граѓаните, а реализацијата на проектите, значи искористува ње на средствата за решавање на приоритетите на жителите на Битола. Во изминатите четири години, ништо од тоа не беше направено, што се потврди токму и на вчерашната прес конференција на советничката од СДС, Јасмина Буневска Талевска.

Затнати шахти, раскопани и непоправени улици е токму наследството на Битола од четиригодишното неработење на СДС. За разлика од нив, локалната самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ и Градоначалникот Тони Коњановски, работи на промени со средствата на граѓаните, преку проекти, до подобри услови за граѓаните.

Проектите на граѓаните заслужуваат континуитет и нивната реализација е во тек. Наспроти пасивноста и неработењето во изминатите 4 години, во овој седумесечен период:

– Општина Битола за првиот квартал од годината, има највисок процент на реализација во последните 4 години, односно 24,36%, што се должи и на соработката на градоначалникот со професионалната општинска администрација

– Реализацијата на општинскиот буџет и во вториот квартал ќе биде со висок процент, како резултат на реализацијата на проекти и редовната исплата по нивното завршување

– Продолжува реконструкцијата на улиците во Битола, од предвидените 23 за оваа година, 11 се асфалтирани, а на 4 инфраструктурните активности се во тек.

– Подготвени и екипирани продолжуваме со работа на терен. После вчерашното големо невреме, од 4 часот утрово, екипите на јавните претпријатија, постојано се на терен и продолжуваат со работа се додека се одговори на секое барање од граѓаните.

Почитувани од СДС, промените се случуваат. Парите на граѓаните се наменети за нивните потреби. И тоа се случува: Проектите се изготвуваат, реализираат исплаќаат. Битола, после 4 години има локална самоуправа која работи за граѓаните“ рече Бојкоски.