Истражниот комитет на Русија денеска соопшти дека бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 93, јавија руските медиуми.
Двајца од осомничените одговорни за синоќешниот смртоносен напад се приведени во областа Брјанск по бркотница со автомобил, напиша денеска на својот профил на Телеграм, рускиот пратеник Александар Хинштајн.
Бројот на повредени лица е 145. Жителите на Москва масовно доаѓаат во Центарот за трансфузија „Гаврилов“, за да даруваат крв по синоќешниот терористички напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва,
Територијата околу концертната сала „Крокус“ во Красногорск кај Москва, каде што синоќа беше извршен терористичкиот акт, се уште е опколена.
МИА












