ТЕРА

REKLAMA???

„ВАСИЛИЧАРСКИ“ ОБИЧАИ ВО ЕВРОПА

Стара нова година, односно почетокот на православната година по јулијанскиот календар. Покрај МПЦ-ОА, според јулијанскиот календар, православна Нова година слават и Српската и Руската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од Света Гора. Македонските обичаи не се единствени од ваков вид, ги има во фолклорот на европските народи.

 

Македонија и Битола се подготвува за дочек на новата година според јулијанскиот или стар стил календар.  Обичаите се впечатлива слика којашто ја нема само кај нас. И новогодишните празнувања и василичарските празнувања се дел од фолклорот на Ервопа и претставуваат најава на новата пролет во едногодишниот круг на Земјата околу сонцето поделена во четири календарски сезони.

Македонската православна црква на 14 јануари одбележува три различни празници: Обрежание Христово, Свети Василиј Велики и Стара нова година. Според еврејските закони, секое дете на 8 ден од раѓањаето се носи во црквата каде се обрезува. Низ вековите, овој црковен закон се претворил во верување дека од Божик-Христовото раѓање, до 8 ден се некрстени денови, па по земјата шетаат разни зла обличени во вампири, караконџоли и разни други нечисти сили кои мора да се протераат. А се протеруваат со бабари, уште познати и како мечкари или џомалари.

Европа изобилува со вакви, од Црквата дефинирани како пагански ритуали.

Огнови и благослови  има и на андалузискиот традиционален фестивало Сан Антон . Од 16-18 јануари, андалузиските села оживуваат за фестивалот Сан Антон, со огнена прослава на  800-годишната традиција. Посветен на Свети Антониј, светецот заштитник на животните, овој уникатен фестивал има многу работи, од народната традиција. Сите танцуваат околу оган , а свештениците го благословуваат сите. Најзначајно и најатрактивно за светот што благословуваат и кучиња, мачки и хрчаци во локалните цркви. Се верува дека фестивалот започнал во 13 век. Традиционално, земјоделците палеле маслинки гранки и корпи „еспарто“, кои се користеле за собирање на овошјето, верувајќи дека огновите ќе го избегнат влијанието на разни штетници и заштита на нивните маслинови градини и животни од болести. Денес, локалните жители се собираат околу огновите за да пијат пиво, да јадат печена тиква и пуканки и да горат кукли полни со слама врзани со петарди. Цело време тие танцуваат и пеат народни песни познати како „меленхони“ – типично дрски приказни за кавгите на љубовниците.

„Up Helly Aa“ e прошетка на маскирани и пеење и пиење пред оган во Шетланд во Шкотска. Официјално обичајот датира од 1870 година од Шетландските острови , кога викинзите славејќи го почетокот на годината почнале да пијат околу оган од запален катран. Го  смислиле името Up Helly Aa, вовеле маскирања и започнале да шетаат по селата со факели. Во 20 век, почит на нордиското наследство на островот, вклучително и викиншката облека и палењето на чамец од галија, станаа традиции. Денес, овој уникатен годишен настан се трансформира во целосна имитација на древниот викиншки фестивал со паради, костими со реплики и – се разбира – гозби во општинските сали. Од лани им дозволиле и на жените да учествуваат во поворката.

И во Цирих има празнување со бабари и огнови. Сега најголемиот град во Швајцарија, во германскиот кантон што Римјаните го нарекле Турикум го прифатил протестантизмот во средновековието и германското славење на крајот на зимата. Ама, на 28 април. Ако кај другите народи има имитација на свадба, овде има имитација на животот на занаетчиите. Започнуваат со ѕвонење на камбаните во 6 часот, во третиот понеделник на април, а парадата завршува со палење на „Беог“, фигура на снешко. Тоа денес е фигура од 3-4 метри опашан со експлозив што се пали во 18.00часот, кога завршува работниот ден на еснафите. Се верува дека колку побрзо огнот стигнува до неговата глава, која се полни со петарди, и го прави да експлодира, толку пофино ќе биде летото.