По 144-ти пат годинава се одржа трационалниот настан „Велигденско траклање јајца“ во Белата куќа. Ова е настан што издржа интензивна политичка поларизација и глобален конфликт – па дури и повеќе светски војни и пандемии.
Силниот дожд и грмотевиците не ги спречија посетителите, речиси четириесет илјадина број, да присуствуваат на традиционалниот настан „Велигденско тркалање
Ал Рокер ми кажа утрово дека ќе биде сончево. Добредојдовте на јајца“ што го организира Белата куќа. Присутните ги поздравија претседателот Џо Бајден и првата дама Џил Бајден.
„Честит Велигден. Направивме сè, но не можевме да го контролираме времето. Иако метеорологот најголемото тркалање велигденски јајца во Белата куќа досега“, рече Џо Бајден, Претседател на САД.

Годинешната тема на настанот е „ЕГ-укација“, што ја постави првата дама Џил Бајден, која е учителка повеќе од 30 години.
„Добредојдовте на тркалањето велигденски јајца во Белата куќа. Честит Велигден на сите. Јас сум професорка и затоа сакам секогаш кога можеме да ја претвориме Белата куќа во училница. И тоа го направивме денес. Јужниот тревник се трансформира во игралиште за учење и училишна заедница“, рече Џил Бајден, Прва дама на САД.

Шеесет и четири илјади јајца беа употребени оваа година во активностите на јужниот тревник, според Американскиот одбор за јајца.
„За овој историски настан почестени сме од повикот од првата дама и дониравме јајца за едукација, иновација и соништа за иднината“, вели Кристина Хансен Колeр, Американски одбор за јајца.
Настанот датира од 1878 година, кога претседателот РадерфордХејс го отвори тревникот во Белата куќа за децата откако беа исфрлени од зградата на Капитолот на САД.
Известува Мартин Николовски од Гласот на Америка на македонски јазик.












