Македонската машка ракометна репрезентација следниот натпревар на Светското првенство го игра денеска од 18:00 часот во Вараждин, Хрватска.
Противник на „црвено-жолтите“ е селекција на Холандија.
Нашите репрезентативци во првиот натпревар од ракометниот мундијал одиграа нерешено против Унгарија (27-27).
Единствениот меѓусебен дуел досега со Холанѓаните беше пред две години на Светското во Полска каде загубивме убедливо со 34-24 во Краков.
Во Вараждин повторно се очекува голема поддршка од македонските навивачи, со чија помош јавноста очекува уште еден позитивен исход со фаворитот во групата.
Фото: Ракометна федерација на Македонија












