Се поголем е бројот информации, реакции, дури и фотографии дека годинава фестивалската филмска публика отсуствувала од најголемиот македонски филмски фестивал. Денеска направивме куса анкета, дали битолчани биле на кино, а ја начнавме и дилемата што е претпоставената добивка на градот од еднонеделното присуство на филмаџии во градот .
Фестивалските денови на градот постепено изминуваат. Без намера за научно докажување или статистичко потврдување, туку само за информација како што телевизиските анкети може да ја носат, денеска на пладне прашавме наоколу градот дали посетиле барем еден филм од филмската фестивалска понуда на „Браќа Манаки“.
Петар Котевски е „фејсбук хејтер“ кој живее и работи во Битола и не се крие зад лажни профили. „Фејсбук хејтер“ не е „општ мразач“ туку вели тоа подразбира некој што ја кажува вистината што другите сакаат да ка преќутат. И тој не бил на кино неделава.
А, Фестивалот „Браќа Манаки“ е само еден од бројните фестивали и културни манифестации кои се одржуваат во градот. Финансиите доаѓаат од државата оттука и прашањето кои се претпоставените очекувања во смисла добивка за градот. Петар има специфична мисла, за начинот како се поставени нештата на Фестивалот во градот и резултатите за различните инсдустрии.
Само за илустрација на мислата, минатиот викенд во Штип се одржа „Пастрмалијада“. На нашите прашања градоначалникот Иван Јорданов одговори: дека за целокупната организација годинава се потрошени повеќе од 3 милиони денари, 2,5 од општинскиот буџет, остатокот од спонзори. Со оглед дека сместувачките капацитети на Штип се ограничени, направена е проценка дека градот за време на пастрмалијадата го посетиле 50.000 посетители од градот и државата. Годинава била 16- та поред пастрмалијада, па на добивката се гледа низ призмата за промоција на градот, но и јавниот интерес за јакнење на локалниот економски развој. За ова последото доволна илустрација нека биде сознанието дека штипјани во два дена продале 30.000 пастрмајлии.
Статистичките податоци од Битола, по завршувањето на Фестивалот.












