Битолскиот пинг-понг оствари голем успех со пласманот на ППК пелагонија во Првата лига. Овој млад клуб, кој е оформен пред една година, го доби баражот за промоција и ќе се натпреварува во повисок ранг. Екипата која ја предводи Христијан Јовановски, кој работи и како тренер, и Даниел Главевски ја прескокна првата пречка.
Напредокот на младите пинг-понгари е евидентно и скоро сите освоија медали и на поединечните национални првенства на Македонија.












