ТЕРА

REKLAMA???

Водата во Ресен не е за пиење поради поплавите

Од ЈКП „Пролетер“ Ресен упатија важно известување до граѓаните дека поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем.

„Заради ваша безбедност, водата привремено НЕ се препорачува за пиење.
Ова е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа.
Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба“- информираат од ЈКП „Пролетер“ од Ресен и додаваат дека граѓаните ќе бидат навремено информирани за секоја промена во општината.