СВР Битола заедно со Полициската станица од општа надлежност Ресен и Отсекот за превенција при СВР Битола, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај реализираа превентивна активност во рамките на кампањата на МВР “Безбедно лето” и ,,Вози одморен” кампања на РСБСП во централното подрачје на Ресен и во туристичката населба Претор.
На возачите им беа поделени флаери со едукативни содржини, како и ладна вода за освежување во овие многу топли денови.














