ТЕРА

REKLAMA???

ВО АВСТРАЛИЈА ИЗМЕРЕНА РЕКОРДНО ВИСОКА ЗИМСКА ТЕМПЕРАТУРА

Австралија вчера регистрираше рекордно висока зимска температура, при што живата достигна 41,6 степени Целзиусови на дел од северозападниот брег.

Со тоа беше соборен претходниот рекорд за 0,4 степени Целзиусови.

Метеоролошкото биро соопшти дека мерењето е направено во воен објект за обука во Јампи Саунд во 15:37 часот по локално време.

Мерењето претставува „најтопла августовска температура на која било локација во Австралија“ и „нов рекорд на максимална температура во цела Австралија за кој било зимски месец“, изјави портпаролот на Бирото за метеорологија.

Официјалните податоци покажуваат дека просечните температури во Австралија постојано се зголемуваат, а климатските промени предизвикуваат поинтензивни пожари, поплави, суши и топлотни бранови.

Додека рекордот „привремено е потврден“, научниците сè уште мораат да се уверат дека мерењето не е резултат на некоја локална аномалија или дефект на инструментот пред да биде официјално внесен во книгите на рекорди.

Претходниот рекорд од 41,2 степени беше поставен во август 2020 година во блискиот Вест Робук.

Антиподната зима трае од почетокот на јуни до крајот на август.

МИА