Српската полиција распореди голем број припадници во Белград во обид да се зачува мирот поради најавениот протест на студентите во блокада и од попладнево кога почнаа да се собираат голем број граѓани кои ја поддржуваат властите, јавува МИА.
Градскиот превоз во централниот дел на Белград попладнево е запрен и на возилата им е наложено да се вратат во гаража.
Студентите во блокадата го најавија протестот „Се гледаме на Видовден“, за од 18:00 часот на плоштадот Славија во Белград и кој, во официјалниот дел, треба да трае до 21:00 часот.
Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ во Белград и тврди дека „насилството ќе започне помеѓу 20:45 и 21:45 часот“.
Во пресрет на тој протест, тие доставија два ултиматума до владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот во Пионирски парк, кои бараат да бидат исполнети до 21 часот.
Студентите велат дека бараат избори на кои сакаат да учествуваат, бидејќи, како што велат, не гледаат друг излез од оваа ситуација и начин за ослободување на општеството.
Во Палатата на Србија претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им додели награди на заслужни поединци и институции по повод Видовден.
По повод Видовден, Владата на Србија со свечен состанок во Градското собрание во Крушевац и државна церемонија.
фото: Нова.рс












