ТЕРА

REKLAMA???

ВО БЕЛКАСТРО, ИТАЛИЈА НЕ СМЕЕТЕ ДА СЕ РАЗБОЛИТЕ

Едно село им забранило на своите жители да се разболуваат оти во селото ниту брза помош има, ниту брза помош брзо пристигнува.

Белкастро, мало италијанско село, им забрани на своите жители да се разболуваат. На луѓето кои живеат во Белкастро им е наредено да избегнуваат каква било болест…што може да бара итна медицинска помош. Избраниот им градоначалник Антонио Торчија за ова издал и декрет.

Белкастро се наоѓа во јужниот регион на Калабрија – еден од најсиромашните региони во  во Италија. А и според снимките со дрон што ги гледаме, од YouTube чии авторски права се на снимателот Антонио Лобело, и не е многу голем град. Од најблиската служба за итна медицинска помош бил оддалечен 45 километри  и се работи за пат на кој се вози со 30 километри на саат како ограничување на брзината. И, жителите, оиколу 1.200 на број, се во години – половина од нив преку 65.

Медицината вели од оваа возраст луѓето редовно се со хронична обструктивна белодробна болест, со катаракта – перде, остеопороза, дијабет – се болести за кои не треба итна интервенција, може да се планира прошетка до болницата која се наоѓа на само 45 километри.Инфаркт, мозочен удар, таквите во градот се забранети.  Во местото има една лекарска ординација, отворена е во викенди, ја отвориле со некоја програма на некоја од владите, налик на нашите со аптеките по селата, но слично, не е многу функционална, човек не може да се потпри на неа.

Според Би-Би-Си, според декретот, на жителите им се наредува и „да не се впуштаат во однесување што може да биде штетно и да избегнуваат несреќи во семејството“, како и „да не излегуваат од дома премногу често, да не патуваат или спортуваат, и на „поголемиот дел од времето се одмораат“.

Градоначалникот вели дека е тешко „да се чувствуваш безбедно кога знаеш дека ако ти треба помош, единствената надеж е да стигнеш до брза помош навреме“и дека патиштата се речиси „поголем ризик од која било болест“. Па, најдобро решение – забрана за разболвање!

Анализите на медиумите говорат за мешањето на мафијата во италијанскиот здравствен систем, дека градчето иако убаво изгледа, се наоѓа во ретко населението регион Калабрија (на врвот на чизмата) и е еден од најсиромашните, од 2009 година досега биле затворени многу болници, тие што работат се без капацитет на кревети и медицински персонал, па граѓаните се принудени да бараат медицинска нега надвор од регионот.

Некои коментираат дека градоначалникот Торчија очигледно објавил хумористична наредба во пресрет на новогодишните празници, но, декретот е декрет, мора да се примени, со правилото „умот над материјалното“.

извор: zanimlivosti.com

фото насловна: слика од екран/ YouTube