Утрово 0 степени на Попова Шапка, 2 Крушево, Маврови Анови, 3 Лазарополе, 4 Крива Паланка, 5 Тетово, Виница 6 Берово, Охрид, Претор, 7 Штип, Битола, Струмица, 8 Куманово, 10 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија, 11 Велес, 12 Гевгелија.
Најмногу дожд 10 литри на м/2 наврнаа воКрушево, 9 Берово, 7 Виница, 4 Демир Капија, 2 Претор, Битола, Штип.
Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 км/ч).
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени. Во Битола до 9 степени.













