Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Максималната температура ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Битола до 32 степени.













