Во Битола нема ни регистрирани ниту сомнителни случаи на пациенти кои би биле болни од западно-нилска треска. Ова е информацијата од Центарот за јавно здравје од Битола за ТЕРА откако нивните колеги од Скопје во 5 општини на град Скопје и 5 населби во други општини прогласија епидемија на оваа. Со преку 30-тина лабораториски потврдени случаи и еден смртен случај Македонија е во групата балкански земји кои имаат проблем со ова заболување многу слично на настинка со треска. Грција, како и Македојнија се соочува со сериозен бран на заразени. Таму бројот на затразени брзо се дуплирал. Заклучно со почетокот на месец август регистрирани биле 110 случаи. Во Бугарија, Србија, Турција, Косово и Романија, вирусот циркулира со помал интензитет но, медиумите велат, благодарени на засилен ветеринарен надзор на птиците. Имено, резервоар на вирусот се птиците, а болеста се пренесува доколку комарец каснал птица, а потоа каснал човек. Луѓето и коњите манифестираат треска. Оттука, западно-нилската треска е вирусна инфекција и не се пренесува од човек на човек. Комарцигте се клучни. 80% од населението ја минува болеста без симптоми, други 20 благи симптоми слични на грип- благо покачена темература, главоболка, замор, болки во мускулите. Кај помалку о д 1% од заболените се јавуваат неврлолошки симптоми што подразбира дека вирусот стигнал до централниот нервен систем и тогаш се манифестира како менингитие.
Сите случаи во Македонија имале невроинвазивна форма на западно-нилска треска и затоа е прогласена епидемијата.Битола, иако нема регистрирани ниту суспектни не значи дека нема ризик. И покрај редовната ларвицидна и адултна дезинсекција којашто се спроведе во градов, комарците се присутни. Оттука и советот, иако се досадни и зујат во глуво доба од ноќта, да не се убиваат со гола рака. Може тогаш да дојде до каснување и инфицирање. Најдобро е да користите крпа, весник или од специјалните тепалки за комарци.











