Секој Велики Петок, од 1990 година наваму, Срби и Македонци и граѓани кои припаѓаат на сите етнички заедници што се дел од Македонија се собираат кај спомен костурницата во близина на Удово, Валандовско. Тера Телевизија, во рамките на проектот „Чујте Срби, чувајте се“ оваа година го сними овој културен настан.

Во криптата на Спомен параклисот во Удово, покрај посмртните останки на 261 војник загинати во битката на Велики петок во 1915 година, почиваат посмртните останки на 2.000 српски војници загинати за време на Првата светска војна на подрачјето на јужниот дел од Македонија кај Гевгелија, Дојран, Струмица и Неготино, долж реката Вардар.

Српските војници загинаа на Велики петок во брутален напад на околу 3.000 бугарски и турски комити предводени од австриски офицери. Овој настан во историјата е познат како Валандовскиот масакр.

Организатор на ова одбележување валандовско-гевгелиската српска заедница. Српскиот крал Александар е и иницијатор и ктитор на изградбата на спомен костурницата, изградена во време од 1931 до 1934 година, започната веднаш по силниот валандовски земјотрес, кога со магнитуда од 6.7 степенни со земја бил срамнети и Валандово, и Демир Капија и Пирава, Карагоргево, валандово, Балинци, Удово, Грнчиште, Градец , Демир Капија, Миронче, Давидово.
И овој пат на одбележувањето присуствуваа припадници на здруженијата за македонско-српско пријателство, претставници на политичките партии на Србите во Македонија, пратеници, политичари, градоначалникот и делегации од советници во Советот на Општините во регионот.












