ТЕРА

REKLAMA???

ВО ИЛИНОИС ВО НАПАД СО НОЖ УБИЕНИ ЧЕТИРИ, А ПЕТ РАНЕТИ ЛИЦА

Четири лица се убиени, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен маж е уапсен. Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени со нож, но во нападот не било употребено огнено оружје, пренесуваaт локалните медиуми.

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад човек. Шефицата на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека загинале вкупно четири лица, додека еден е тешко повреден.

Четири лица се префрлени во болници, каде состојбата им е стабилизирана. Полицијата соопшти дека засега не е позната причината за нападот.

МИА