Индонезискиот парламент усвои кривичен законик кој забранува сексуални односи надвор од бракот и предвидува затворска казна до една година. Како што јавуваат медиумите законот е дел од измените за кои критичарите велат дека ги поткопуваат граѓанските слободи во третата по големина демократија во светот, пренесува Ројтерс.
Новите одредби, кои ќе важат за Индонезијците и странците, исто така им забрануваат на паровите да живеат заедно пред брак.
Новиот закон е донесен со поддршка на сите политички партии, и покрај предупредувањата од бизнис-групите дека може да ги исплаши туристите и да им наштети на инвестициите.
Сепак, законот нема да стапи во сила три години за да се овозможи изработка на прописи.












