ТЕРА

REKLAMA???

Во Крушево водата не се препорачува за пиење

Превентивно да се преврива водата за пиење во Крушево, апелираат до граѓаните од Јавното претпријатие „Комуна“.

Оттаму велат дека поради обилните дождови и поплавите по околните села се јавува заматување на водата и на граѓаните на целата Општина Крушево им препорачуваат да ја превриваат водата по најмалку 10 минути пред да се пие.

Од Општината Крушево информираат дека и денеска се санираат штетите од поплавите во Крушево и околината.

„И денес сме работно присутни низ градот. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни поради појава на мраз. Екипите на ЈП „Комуна“ активно работат на терен за зголемена безбедност и нормално одвивање на сообраќајот. И денес продолжија теренските активности, при што екипи беа ангажирани и во с. Милошево-информираа од Општина Крушево.

 

Инаку, според надлежните, Крушево е една од општините што претрпи најголеми штети од поплавите што ја зафатија Македонија.