ТЕРА

REKLAMA???

ВО МИНХЕН АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО ГРУПА ЛУЃЕ, НАЈМАЛКУ 28 ПОВРЕДЕНИ

Најмалку 28 лица, од кои неколку потешко, се повредени денеска кога автомобил влета во група луѓе во Минхен. Како што пренесува „Билд“, неколку лица, меѓу кои и едно дете, се во тешка состојба.

Инцидентот се случил околу 10:30 часот кога возач го забрзал својот автомобил, а потоа влетал во демонстрантите во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците „Верди“.