Најмалку 14 лица се повредени, меѓу кои три деца, во масовно пукање во Чикаго на Ноќта на вештерките. Како што јавуваат медиумите полицијата во Чикаго потврди дека меѓу повредените има три деца на возраст од 3, 11 и 13 години.
Началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун, рече дека снимките од безбедносните камери покажуваат најмалку еден автомобил и дека се верува дека двајца напаѓачи отвориле оган врз група луѓе кои стоеле на раскрсницата.












