ТЕРА

REKLAMA???

ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА ЗАГИНА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа во северозападниот дел на Иран. Претседателот Раиси се враќаше со министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан од средбата со претседателот на соседен Азербејџан, Илхам Алиев, кога нивниот хеликоптер исчезна во неделата попладне во северозападниот дел на земјата.

Иранската влада за денеска свика итен состанок по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амирабдолахиан во хеликоптерска несреќа, јави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Раиси беше претседател на Иран од 2021 година.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изрази сочувство во име на Европската унија по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.