ТЕРА

REKLAMA???

ВРЕМЕНСКИТЕ ПРИЛИКИ ВО ПЕЛАГОНИЈА

Денеска наутро по одделни котлини  беше магливо. Во текот на денот времето е  променливо облачно со сончеви периоди. Минималната утринска измерена температура е 2 степени Целзиусови. Во текот на денот, дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 18 степени Целзиусови.

Од УХМР прогнозираат дека кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (локално над 60 km/h).