ТЕРА

REKLAMA???

ГЕРМАНСКА СИРОМАШТИЈА

Се почести се информациите за тешката финансиска состојба на Германија, за нивото на сиромаштија и опасноста од прогласување рецесија. И додека сите пресметуваат колку автомобилската индустрија е во криза односно дали зелената енергија им прави проблем на Германците, никој не мисли дека дел од проблемот може да биде и едноставна административна грешка која одлева пари од државната каса.

Млад брачен пар буквално ништо и никаде не прави, и добиваат по 3000 евра месечно од германската држава. Живеат без да се грижат дека ќе им зафалат пари.

Телевизиска емисија во последните 7 години ги открива административните грешки кои влијаат врз животот на социјално загрозените лица, покажувајќи го непосредното влијание на социјалните политики во економски силната земја. Нивното истражување покажало дека се работи за системска грешка – парот добива двојни социјални бенефиции откако се родил нивниот син.

Анжелик го напуштила училиштето во осмо одделение и нема обука, но нема желба да работи. Сопругот Мајк бил вработен како собирач на ѓубре додека не му се родил синот, но по родителското отсуство не се вратил на работа туку се пријавил како невработен. Оттогаш од државата добил околу 1.200 евра помош за невработеност. И двајцата без родители и дел од германскиот систем на згрижувачки семејства и домови сега не чувствувале грижа на совест дека државата греши, а објаснувањето им е едноставно – сакаат да му посветат на синот целосно внимание.

Мајк објаснува дека секој месец добиваат по 250 евра детски додаток, 250 евра додаток за детски додаток, 1.288 евра паричен надоместок за невработеност и 1600 евра граѓански надоместок.

И, стигнуваат до објаснувањето што и Дојче Веле го имаше пред некој месец – дека во Германија некогаш не се исплаќа да се работи. Како невработени на овие двајца им следува само по 600 евра месечно, а многумина пак иако се вработени, заради ниската плата, мора да добиваат и т.н граѓански надоместок. Надоместоците што се доделуваат на лицата со социјална несигурност ги доделуваат едночудо германски служби, и, тие по балкански, никако да се усогласат.

Секако, многумина од социјално загрозените не добиваат пари колку овие, принудени се и да ги напуштат своите домови, ама ете, на Анжелик и на Мајк засега животот им се одвива по народната „роди ме со к’смет ….“.