ТЕРА

REKLAMA???

ГОРДОН МЕТЈУ ТОМАС САМНЕР ГО ПРОСЛАВУВА СВОЈОТ 73 РОДЕНДЕН

На 2 октомври годинавa Гордон Метју Томас Самнер, за светот познат како Стинг  го прославува својот 73 роденден. Роден е во градчето Волсенд во Обединетото Кралство.

Тој е англиски музичар, активист и актер, а се пробал и во режисерска улога создавајќи го мјузиклот „Последниот брод“ на Бродвеј.

Стинг е познат како  фронтмен, главен текстописец и басист на њу вејв, бендот Полис од 1977 до нивното распаѓање во 1986 година. Продолжи како соло музичар, кој имаше соработка со многу музички ѕвезди и дебитанти на светската музичка сцена.

На една од своите светки турнеи концерт одржа и во Македонија, во Скопје. Во емисијата „Металманија“ што има десетици сезони на ТВ ТЕРА беше емитувана сторија за тој концерт од каде ги гледате овие инсерти.

https://www.youtube.com/watch?v=rQSziT-Fs-M