Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски оствари средба со високи претставници од Федерацијата на европски карневалски градови на која се разговараше за позиционирањето на Прилеп како важна карневалска дестинација во Европа.
„На оваа значајна средба со претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови (FECC), г-дин Ларс Алгел од Шведска, и потпретседателот Александар Цицимов разговаравме за позиционирањето на Прилеп како важна карневалска дестинација во Европа.

Во фокусот на разговорот беа подготовките за Карневалот „Прочка 2026“, којшто сакаме да го подигнеме на уште повисоко меѓународно ниво, со поголема видливост, повеќе учесници и уште поатрактивна програма за прилепчани и за гостите од земјата и странство“-објави градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Од локалната самоуправа додаваат дека Прилеп со својата традиција, дух и енергија заслужува да биде препознаен како град на карневалот, културата и туризмот.












