ТЕРА

REKLAMA???

ГРАЃАНИТЕ ПОВЕЌЕ ГИ КОРИСТАТ АВТОМОБИЛИТЕ

 

​Убедливо најголем процент од испитаниците го користат својот автомобил како основно превозно средство.

​Резултатите од анкетата на официјалната интернет страница на ТЕРА Телевизија, која последниве две недели го имаше поставено прашањето  за начинот на превоз на граѓаните, јасно укажуваат на доминација на личните возила:

 

  • Својот автомобил: 63.28%
  • Автобус (јавен превоз): 18.05%
  • Велосипед: 13.56%
  • Такси: 6.12%

Овие бројки ја нагласуваат зависноста на граѓаните од индивидуалниот превоз.  Според податоците речиси две третини од испитаниците (63.28%) одговориле дека најчесто го користат сопствениот автомобил.

​Јавниот градски превоз, претставен преку користењето на автобус, е втор избор, но со значително помал процент од 18.05%. Овој податок отвора простор за дискусија за потребата од подобрување и популаризација на јавниот транспорт.

​Интересен е податокот дека велосипедот е избран како превозно средство од 13.56% од анкетираните, што укажува на подигнување на свеста за еколошките алтернативи или, на потребата од побрзо и поекономично движење во градските средини.

Најмал процент, само 6.12%, користат такси превоз. Ова пак укажува на намалување на бројот на такси превозници или неекономичноста од користење на овој превоз за куси релации.

 

​Дополнително,  граѓани кои се заинтересирани да го најдат прашањето од анкетата, тоа ќе можат да го сторат на официјалната веб страница на ТЕРА уште овој викенд.