Во Битола Зружението ИНИ Виница кој го спроведува проектот „Промовирање и генерирање на резултати преку обезбедување на одржливост на мрежата Балкан Тендер Воч“ ги повика граѓанските организции од регионот да работат на проблемот со мониторинг на јавните набвки на локално ниво по утвредена методологија за сите балкански земји. Проектот Балкан Тендер Воч го спроведуваат 5 организации од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Македонија кои ја формираат Коалицијата Балкан Тендер Воч.

„Целта е испитување на мислењето на Граѓанските организации за корупцијата и кои се начините за да може да се влијае на локално ниво. Овај настан се одржа во 7 плански региони во Македонија, а Битола е 8-от, се пријавуваат граѓански организации кои што сакаат да работат на проблемот со мониторинг на јавните набавки на локално ниво по утврдена методологија за сите балкански земји. Во Македонија се трошат околу 1 милјарда евра за јавни набавки, главно околу 90% одат од централно ниво, а другите 10% се распределени на локално ниво. Нашата задача ќе биде да ги обучиме граѓанските организации да им дадеме информации на кој начин, како, за кој временски период можат да ги следат и имаат задача да откриваат можни коруптивни активности, дали на договорните органи или на економските оператори, коишто можеби понатаму ќе се истражуваат. Истите граѓански организации треба да бидат еден линк-поврзување од нивната работа, да ја презентираат преку медиумите, а самите медиуми на локално и регионално ниво да дадат тежина за можните коруптивни активности што би можеле да се случат,“ изјави Тодор Цонев од Здружението ИНИ од Виница.

Коалицијата на ГО Балкан Тендер Воч – BTW се собрани околу идејата за стеснување на просторот за корупција во јавните набавки преку: Идентификување на точки во циклусот на Јавни набавки(ЈН) кои се ранливи на корупција; Разоткривање на коруптивни практики во набљудуваните случаи; Предлагање и застапување за политички решенија кои ќе придонесат за намалување на корупцијата во ЈН; и Надминување на недостатоците на ангажманот на ГО во борба против корупцијата, како недостаток на капацитети и тешкотии да допрат до својата целна публика. Резултатите кои ќе се добијат ќе се споредуваат со сите земји од Западен Балкан.












