ТЕРА

REKLAMA???

Грчката конзулка во посета на Крушево

Генералната конзулка на Република Грција,  Деспина Ипиоти на денешната средба со градоначалникот на Општината Крушево Нико Чонески разговараа за можностите за  заедничка соработка во повеќе области.

„Посебен акцент на средбата беше ставен на значењето на соработката на локално ниво, како основа за реализација на проекти од заеднички интерес. Воедно,  ја истакнав подготвеноста на Општина Крушево за размена на идеи, искуства и добри практики, како и за воспоставување конкретни иницијативи кои ќе придонесат кон локалниот развој “-информираше градоначалникот Нико Чонески.


Според него, ваквите средби претставуваат можност за отворање нови перспективи и продлабочување на комуникацијата, со цел создавање основа за идна соработка која ќе донесе позитивни резултати за заедницата.