Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го потсети светот дека секоја година на планетата Земја е се пожешко. Според него, човештвото веќе ја отворило Пандорината кутуја, а пожарот во Лос Анџелес бил првото зло.

Човештвото ја отвори Пандорината кутија и болестите излегуваат. Ова е ставот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за климатските промени кои се случуваат на планетата и улогата на човекот во процесот, кој според аналитичарите е сведен на функционирањето на будилникот. Се додека не станете да го исклучите, тој ќе звони.
Климатските промени по дефиниција се однесуваат на долгорочни промени во температурите и временските обрасци. Човечките активности се главниот двигател на климатските промени, првенствено поради согорувањето на фосилните горива како јаглен, нафта и гас. А Гутереп во својот говор на 56-от Пленарен состанок од 79-та седница на Генералното собрание се осврна на пожарите во Лос Анџелес кои ги поистовети со едно од злата што ги содржи ќупот на Пандора од старогрчката митологија.

Секоја година од Парискиот договор, со кој ОН подготви акција за ублажување, прилагодување и финансирање на климатските промени, досега, горештината ги урива температурните рекорди, и во 2024 година надмина 1,5 стпение Целзиусови. Оттука, приоритетите за кои ОН ке зборуваат годинава се:
Активности кон револуција на обновливите извори на енергија, за пониски трошоци за живот и енергетска безбедност што извира од енергетски суверенитет.
Ова се однесува и на Македонија која на самитот за екологија во Дубаи вети тројно зголемување на капацитетите за обновлива енергија до 2030 година.
Глобалните емисии на штедни гасови треба да бидат намалени за 60% до 2035 година, што подразбира дека државите треба да смислат нови национални климатски планови.
Фосилните горива мора да се исфрлат, е ставот на генералниот секретар на Он кој ја сподели информациајта дека државите по светот трошат 9 пати повеќе пари за да ги направат фосилните горива поевтини отколку да вложат во чистата енергија којашто би била и подостапна за потрошувачите. Ова подразбира дека човештвото не е подготвено да прекине се фосилните горива, како ни Македонија, во таа смисла. Според информација на ЕСМ на нивната интернет страна, денеска 57% енергија до пладне е произведена од хидроелектрани, 39% од термоелектрани, а само 4% од ветерници. Според националните планови, 39те проценти треба да бидат сведени на 0.

Шефот на ОН додаде дека е време да се имплементираат нови и иновативни извори на финансии, вклучително и да се повикаат загадувачите одговорни за штетата што ја предизвикале. Развиените земји, исто така, мора да го удвојат финансирањето за адаптација на најмалку 40 милијарди долари (39 милијарди евра) годишно и треба да се имплементираат системи за рано предупредување за целиот свет. Климатските финансии мора да се испорачаат во целост. Економските експерти по говорт на Гутереш заклчучија дека за да се реализираат сите потребни активности потребна е реформа на меѓународната финансиска архитектура, во основа долгогодишен процес. Засега, борбата со климатските промени и декарбонизациајата имаат 300 милијадри долари годишно до 2035 за земјите во развој.












