Викендов во Зелден официјално стартуваше новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање. Лара Гут-Бехрами триумфираше на велеслаломот австрискиот ски-центар.
Гут-Бехрами победи во неверојатно тесна трка и оствари време од 2 минути, 18 секунди и 94 стотинки. Зад Швајцарката, која стигна до шестата победа во велеслалом, а вкупно 38. во кариерата, финишираше Федерика Брињоне.
Италијанката задоцни само две стотинки зад Гут-Бехрами. Место на подиумот имаше и за Петра Влхова од Словачка.












