Во дел го има во дел не. На помалку од две недели до најголемиот христијански празник Велигден кога повеќето од граѓаните го бараат јагнешкото месо за да се најде на Велигденскта трпеза, во повеќето месарници во Битола каде направивме обиколка го немаше. Таму каде што го имаше пак достигна цена од 550 денари.

„Цената моментално на јагнешкото месо е 550 денари и истата мислам дека нема да има корекција, само го нема месото на пазарот. Една од причините е сега што на 9 април е католички Велигден и мислам дека има поголема количина за извоз најверојатно и затоа вака има турбуленции и цената варира од месарница во месарница, кај нас го имаме и мислам дека до Велигден ќе остане истата цена од 550 денари“, рече Сашо Николовски од месарницата „Ленски Пазар“ во Битола .
Граѓаните вели го бараат, купуваат онолку колку им дозволува семејниот буџет.
„Има побарувачка од страна на граѓаните за јагнешко месо. На некои му е скапо, некои не ни прашуваат за цената битно им е да го имаат за Велигден. Имаме и главчиња и кукурец, цената е иста како лани“, вели Николовски.
Инаку македонскoто јагне пред католички Велигден се извезува вообичаено во Италија, Хрватска и Грција.












