ТЕРА

REKLAMA???

ДАЛИ И КАКО ЌЕ МОЖАТ НЕЗАВИСНИТЕ ДА СОБИРААТ ПОТПИСИ ЗА ИЗБОРИТЕ?

За кандидатите кои сакаат да бидат дел од независните листи има едно решение кое Уставниот суд го укина, по што политичките партии предложија ново решение. Како што знам, тие не се сложуваат со тоа решение, се очекува овој Закон да се донесе, ако не се донесе, има опција тој да биде повлечен и да се седне со нив да се разговара за сите страни да бидат задоволени, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши по неформалната средба со новинарите во законодавниот дом, пренесува МИА.

Измените во Изборниот законик, според Гаши, треба да бидат донесени така што би биле задоволени граѓаните кои сакаат да влезат во трката за градоначалник или советник во одредена општина, бидејќи, како што рече, неговата волја е претстојните локални избори да се одржат без примедби од граѓани кои би се чувствувале нефер во изборниот процес.

„Се очекува овој Закон да се донесе, ако не се донесе, има опција тој да биде повлечен и да се седне со нив да се разговара за сите страни да бидат задоволени. Јас би сакал да одиме на избори без никакви примедби од кој било граѓанин дека некој би се чувствувал нефер во битката да се стане градоначалник или советник во одредена општина“ рече Гаши.

За тоа колку потписи се потребни за кандидатура, Гаши рече „ова е комплексно прашање, не очекувајте од мене концизен одговор, не зависи од мене“

„По одлуката на Уставен суд, пратеничките групи во Собранието разговарале за тие препораки и изготвиле ново решение. Јас се видов со претставниците на невладините организации и со независните советници, кои не се согласуваат со новото репение. Ова им го посочив на координаторите на пратениките групи, но, тие сметаат дека новото решение е во согласност со препораките на Уставниот суд, “рече Гаши.

Инаку Уставниот суд на 20 мај ги укина измените кои пратениците ги донесоа во март 2024 година, со кои се крена прагот на потребни потписи за независните кандидати и листи да учествуваат на избори на 1 процент од вкупно запишаните избирачи во изборната единица.

„Станува збор за укинувачка одлука, а не за поништувачка одлука, што значи дека претходното правно правило не оживува и дека законодавецот во најскоро можно време треба да пристапи и да ја пополни оваа правна празнина. Во спротивно, евентуалното непостапување на законодавецот би значело дополнителна повреда. Да, во овој момент не постои правно правило по кои услови независните граѓани ќе учествуваат“  рече тогаш претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.