Потпретседателката на САД, Камала Харис ја пофали „патриотската“ одлука на претседателот Џо Бајден да не се кандидира за реизбор и вети дека ќе ја добие номинацијата на демократите и ќе го порази Доналд Трамп.
„Со овој несебичен и патриотски чин, претседателот Бајден го прави она што го правеше во текот на целиот свој живот на служба: ставајќи го американскиот народ и нашата земја над се друг“, нагласи таа во изјавата.
Претседателите на Демократската партија во сите 50 сојузни држави во САД ја поддржаа кандидатурата на Харис.
„Почестена сум што ја имам поддршката од претседателот и мојата намера е да ја добијам таа номинација… Ќе направам се што е во моја моќ да ја обединам Демократската партија и да ја обединам нашата нација, за да го поразам Доналд Трамп, вели таа.
Организацијата за собирање средства за демократите „АктБлу“ (ActBlue) синоќа соопшти дека е регистрирана најголема дневна донација за претседателската трка откако претседателот Џо Бајден се повлече и ја поддржа потпретседателката Камала Харис.
МИА












