Изненаден сум од тоа што една иницијатива која не е ни на ВМРО ДПМНЕ ни на никој друг, не помина во Советот на општината, рече градоначалникот на Битола Тони Коњановски, прашан за тоа како ја коментира одлуката за велосипедските патеки за која советниците не дадоа зелено светло.
„Ги молам уште еднаш советниците да ги надминеме егата, суетите, фејзбук инфлуенсерите кои сакаат да креираат некаква политика на работење и неработење. Да собереме храброст да ги надминеме сите надмудрувања, затоа што граѓаните не ги интересираат нашите надмудрувања, нашите фејзбук статуси, едноставно сакаат работа, рече градоначалникот Тони Коњановски.












