Две лица загинаа, а 80 се повредени откако автобус излета од патот во близина на Сремска Митровица, во северозападна Србија, соопшти српското Министерството за внатрешни работи (МВР).
Повредените, како што соопшти полицијата, се превезуваат во болница во Сремска Митровица за укажување медицинска помош.
Несреќата се случила на патот Сремска Митровица-Јарак, а автобусот превезувал работници од компанијата „Хелткер“.
Полицијата соопшти дека автобусот излетал од патот и се превртел на покрив од причини кои сè уште се непознати.













