Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим откако претходниот ден го воскреснал четиридневно погребениот Лазар. Празникот е востановен во спомен на последното царско и свечено влегување на Господ Исус Христос во светиот град, јавајќи на осле, шест дена пред Пасха. Народот го пречекал како Цар со палмови гранчиња во рацете,ги слекувале облеките од себе постилајќи ги пред Него и во восхит возвикнувале : „Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев! “
Цветници се празнуваат во неделата пред Воскресение. Претставува најдраматичен празник меѓу Дванаесетте големи празници на Црквата и го ознаува почетокот на најтешката седмица во историјата на човештвото, којашто ја нарекуваат „Страстна недела “.
















