Денеска времето претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. УВ=7.
Од УХМР информираат дека во утрешниот ден времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. УВ=7
Во среда ќе настапи стабилизирање на времето. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, информираат од УХМР.












